Имам добри вести“-директорот на српскиот клинички центар за состојбата на повредените во пожарот во Кочани

- Advertisement -

„Во Ургентниот центар на Универзитетскиот клинички центар на Србија се лекуваат 17 лица повредени во пожар во дискотека во Кочани, од кои двајца се на механичка вентилација, а двајца се оперирани.
Добивај вести на вибер

Д-р Милан Стојичиќ, директор на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија при УКЦС, рече и додаде дека се во добра општа состојба.

„Нивниот постоперативен тек се одвива без проблеми. Наредната недела веројатно ќе бидат оперирани уште пет-шест пациенти. Имам и добри вести, неколку пациенти веројатно ќе можат да бидат префрлени на одделение бидејќи успешно се опоравува нивната респираторна функција, а раните од изгорениците се такви што не бараат престој на одделението за интензивна нега“, изјави тој за РТС.

- Advertisement -

Тој наведе дека кај пациенти кои веќе биле оперирани, процедурата опфаќа отстранување на девитализирано ткиво и покривање со автотрансплантација, што значи дека нивната сопствена кожа се зема од други регии и се пресадува на изгорените места.

Говорејќи за тоа дали ќе им требаат повеќе интервенции, тој рече дека на еден пациент дефинитивно е предвидена операција од друга страна за околу пет дена, едната рака е веќе завршена.

За оние кои ќе се оперираат, рече дека нема да бидат потребни донатори на кожа, туку ќе можат да бидат свои донатори, а дефектите ќе се затворат со автотранспланти.

- Advertisement -

Што се однесува до опоравувањето на оние кои биле оперирани, Стојичиќ истакна дека конечниот резултат обично се забележува за 14 дена, а потоа следи фаза на опоравување со помош на физикална медицина.

-Имаат постојана помош на пулмолог, нестезиолог, но може да настанат опасности на сите органи секогаш, затоа имаме и абдоминални хирурзи постојано но и психијатри секој ден, лечење со убав збор, рече докторот. Тој кажа дека со роднините има постојан контакт зашто е забранет влезот во оваа фаза.

Последни објави

spot_img

Поврзани објави