„Овој домашен третман за совршени стапала ми го препорача козметичарката, а го правам секоја сезона пред носењето на отворени обувки“. По дебелите зимски обувки, стапала бараат посебна нега и грижа, за да ги подготвите за преминувањето од затворени во отворени обувки.
За да ги направите стапалата да изгледаат беспрекорно, потребно е да ги отстраните испуканите пети, жолтеникавата, здебелена и груба кожа, колку што е можно побрзо т.е за краткок временски период. За денес ви откриваме неколку трикови кои ќе ви помогнат токму во реализирањето на таа цел.
Во продолжение следува домашен третман кој содржи 6 рецепти со сода бикарбона, која совршено може да се употреби за козметички цели, бидејќи неверојатно ефикасно прочистува, дезинфицира, лекува и ја омекнува кожата. Воедно помага и при воспаление и третирање на рани.
Домашен третман за совршени стапала
-Купка со сода бикарбона и морска сол
За да ја омекнете кожата на вашите стапала, во мал сад поставете топла вода и додадете 2 супени лажици морска сол и 2 супени лажици сода бикарбона, измешајте добро, а потоа во добиената смеса потопете ги вашите стапала во времетраење од 7-8 минути.
-Купка со сода бикарбона и сапун
За максимално прочистување на кожата, во 3 литри топла вода, разредете 2 супени лажици сода бикарбона и 2 супени лажици течен сапун. Потопете ги вашите стапала во купката и оставете ги да отстојат 10 минути.
-Купка со сода бикарбона и масло
Доколку сакате да ја навлажните кожата и таа секогаш да биде совршено хидратирана, тогаш потребно е во 3 литри вода да растворите 2 супени лажици сода бикарбона. Додадете мало количество масло за готвење или неколку капки масло од портокал, лимон, лаванда или бадеми. Потопете ги стапалата во растворот. Третманот трае 10 минути.