Има 72 деца, и уште 16 се на пат: Професор од Њујорк им помага на жените да забременат по „старински метод“

- Advertisement -

Професорот Ари Нејџел (44) од Њујорк, сака да им помага на жените да останат бремени „по старински метод“, без вештачко оплодување, по природен пат.

Паричен надомест не бара, освен во форма на „бакнежи и прегратки“. Овој донор на сперма го носи и надимакот „сперминатор“.

Во моментов е татко на 72 деца, и уште 16 се на пат. Очигледно, ниту пандемијата не го спречува во неговата идеја. Вели дека постојано го бараат жени кои сакаат да останат бремени, од целиот свет – првенствено во САД, но и во Африка, па се до Русија.

- Advertisement -

„На почетокот, ги зачнувавме децата природно, со сексуални односи. Но, сега се случува во еден месец да ми се јавуваат голем број жени, што не можам да си дозволам да имам толку односи без заштита. Затоа спермата им ја носам во менструална чашка.“

Најчесто, од идните мајки и родители, бара да му ги покријат само патните трошоци.

„Тешко ми е да ги запомнам имињата и родендените на сите мои деца, затоа за сите имам надимаци. Со некои од децата се гледам почесто, некои не ги гледам никогаш – зависно од изборот на мајката.“ – вели Ари.

Ари им помогнал на повеќе од 60 жени да останат бремени.

Секако, наишол на критики и контроверзии неколкупати: 5 од жените до сега го имаат тужено успешно барајќи парична поддршка за децата. Неколкумина го осудуваа и кога донирал сперма на 18 годишна жена која живеела во дом за бездомници во 2018 година.

Сепак, тој не се откажува од мисијата – да помага на жените кои сакаат да бидат мајки.
Crnobelo

Последни објави

spot_img

Поврзани објави