Алкална вода можете да направите многу едноставно! Во 1,5 до 2 литри вода, исечете два лимонисо кора, што значи дека треба да биде од органско производство. Додадете една лажица хималајска сол и оставете да отстои преку ноќ, од осум до 12 часа, потоа пијте две чаши наутро пред појадок и една навечер пред спиење. Не е потребно да ја испиете целата вода која што сте ја подготвиле во текот на еден ден, за да не претерувате со вкупниот внес на течности, но добро е да испиете помеѓу половина литар и литар дневно. Водата можеме да ја пиете редовно, секој ден, особено во текот на летните денови, бидејќи освежува, а можете да ја пиете и само повремено, кога ќе осетите зголемен замор, пречки со варењето и слично. Ваквата вода му овозможува на телото да се алкализира побрзо, односно да воспостави баланс на pH во телото и да го одржи долго време и ќе дејствува превентивно против голем број проблеми. Меѓу другото, ќе спречи формирање на бубрежни камења и развој на низа болести кои се поврзани со здравјето на бубрезите и задржување на отрови во телото.
Интернетот полуде по алкалната вода- се прави од три состојки, а го чисти телото од токсини и го зајакнува имунитетот
- Advertisement -