Истражување: Од 2100 година летото ќе трае шест месеци, а зимата помалку од 60 дена

- Advertisement -

Доколку не се преземат сериозни мерки во борбата против климатските промени, до крајот на овој век, летото може да трае половина година, предупредува најновото истражување.

Според анализата на научниците, во последните 60 години, периодот на лето во целиот свет е продолжен во просек за 17 дена. – Летото станува подолго и потопло поради глобалното затоплување, а зимите се сè пократки и потопли, изјави климатологот Јупинг Гуан, пренесува Си-Ен-Ен

Во текстот се наведува дека за некои идејата за подолг летен период може да звучи како идеална можност да останат на отворено, но се додава дека продолжената летна сезона може значително да влијае на нашето здравје, животната средина и земјоделството.

- Advertisement -

Во тој случај, се наведува во истражувањето, би имало повеќе топлотни бранови и повеќе болести пренесени од комарци, а сезоната на алергии ќе трае уште подолго.

Истражувањето наведува дека доколку не се преземе ништо во врска со емисијата на штетни гасови и сузбивањето на глобалното затоплување, до крајот на овој век летото би можело да трае најмалку половина година.

– Ако продолжиме како досега, до крајот на векот пролетта и летото ќе започнат еден месец порано отколку во 2011 година, а есента и зимата околу половина месец подоцна, што ќе резултира во 2100 лето да трае околу половина година и зима помалку од две месеци, предупредуваат експертите во истражувањето.

Последни објави

spot_img

Поврзани објави