Поради огромната разлика во возраста, сите им предвидуваа крај. Ја нарекоа Лина спонзоруша затоа што стапи во врска со Роберто Кавали, кој по возраст може да и биде дедо. Сепак, нивната врска се спротивставува на ваквите теории.
Познатиот италијански моден креатор Роберто Кавали (80), покрај импресивната модна кариера, има и богат љубовен живот. Тој се ожени двапати и имаше пет деца.
Иако влезе во деветтата деценија од својот живот, тој ужива во романса со својата 47-годишна помлада девојка Лина Нилсон.Роберто познато е дека честопати и подарува луксузни подароци, а како што се пишува по медиумите тој наводно и купил приватен остров во нејзината родна Шведска, за што издвоил 2,22 милиони фунти.
На островот има четири вили, ловечки дом, базен и остатоци од викиншка тврдина, како и терен за голф.Откако на медиумите им пропадна тврдењето дека парот ќе се раздели, се шпекулираше дека го изговори судбоносно „да“, но тоа сè уште не се случило.