- Advertisement -
Карен Хирн е нова ѕвезда на ТВ-емисијата Екстремни циции (Extreme Cheapskates). Ги шокирала гледачите со изјавата дека за да заштеди не оди на забар и се што треба поправа сама.




„Заштедив илјадници долари со неодење на лекар и забар. Неодамна ме болеше заб, оставив тоа да трае две недели, но стануваше полошо. Се откажав од природните методи на лекување и појдов на забар, но ми кажа дека лекувањето ќе ме чини 1800 долари.




Поевтина опција беше вадењето на заб, чинеше 185 долари“, раскажала Карен и додала дека решила да се врати дома и да си го извади забот сама.
- Advertisement -




Со помош на маж и дома направиле мала клиника и сето ги чинело само 10 долари. Карен била во болки, но барем е среќна што заштедила.