Кај примената на било која диета, најнеопходно е за таа да биде прилагодена токму кон вашето тело.
А најважно нешто е почитувањето на параметрите коишто се предвидени со диетата, бидејќи тоа е единствениот начин за да се постигнат добри резултати.
Еден кардиолог за своите пациенти, но и сите здрави луѓе коишто сакаат да ослабат, осмислил посебен план за исхрана, којшто ќе ви помогне за само 7 дена да изгубите и до 10 килограми, ако во дневната рутина воведете барем 30 минути физичка активност.
Појадокот кај оваа диета е ист секој ден – 1 парче овошје, портокал, круша, праска, или било што освен грозје или банана.
- Прв ден
Ручек: 1 портокал, 1 варено јајце, чаша јогурт (200 мл)
Вечера: 2 домати или 2 дл варен домат, 2 тврдо варени јајца, 2 двопека, половина краставица или малку зелена салата
- Втор ден
Ручек: 1 портокал, 1 варено јајце, чаша јогурт
Вечера: 125 гр варено телешко месо, 1 домат, 1 двопек, 1 шолја кафе или чај без шеќер
- Трет ден
Ручек: 1 варено јајце, 1 портокал, чаша јогурт, 1 краставица или малку зелена салата
Вечера: 125 гр варено телешко месо, 1 портокал, 1 двопек, 1 шолја чај или кафе без шеќер
- Четврти ден
Ручек: 125 гр кравјо сирење, 1 домат, 1 двопек
Вечера: исто како и претходниот ден
- Петти ден
Ручек: 200 гр варено месо или риба, 1 домат, 1 двопек
Вечера: половина килограм варен морков, компир или грашок
Напомена: Варете го зеленчукот или месото без сол или користете ја во многу мали количини. Направете пауза со диетата шестиот и седмиот ден, а потоа продолжете со диетата осмиот ден. По потреба, продолжете со диетата уште најмногу два пати.
Кога ќе се вратите на вообичаениот режим на исхрана, нека понеделниците бидат со редуцирано мени:
Појадок: Сок од цеден лимон (без шеќер)
Ручек: 1 јаболко и 1 двопек
Вечера: 1 варено јајце, 1 двопек и 1 домат
На овој начин веројатноста да се вратат непосакуваните килограми е минимална.
Алкохолот во овој режим на исхрана е строго забранет. Оние со проблеми со срцето и кардиоваскуларниот систем мора да го посетат својот кардиолог пред да го применат овој режим на исхрана, или било кој друг режим на исхрана.