Катарина проговори за врската со Перо Антиќ

- Advertisement -

Во јавноста веќе одамна се зборува дека кошаркарот Перо Антиќ и манекенката Катарина Ивановска се во врска, и досега ни едниот ни другиот тоа го немаа потврдено.Перо неодамна беше гостин во емисијата „Жешко столче“ со Никола Трпковски и зборуваше за многу приватни и професионални предизвици.Разговорот почна од тоа како Перо од обично момче станал НБА ѕвезда. „Јас сум обичен човек, обично дете од центар. Едноставно, сите сме исти, без разлика што работиме. Едноставно, треба секој да да се почитува“, рече Антиќ.Перо рече дека се изненадил кога го поканиле во НБА, затоа што имал 32 години и не сакал да „му закуцаваат помлади“, како што рече..

Знаеш кај нас како е, прва тема на маса, ако те закуца. Спонтано излезе и не сакав да бидам еден од тие што имале шанса да отидат а не отишле“, изјави Перо.„Имав јас и претходно понуди, ама ги бирав парите, искрен да бидам. Трета мајка важи. Избрав да одам за помалку пари ама да го прифатам предизикот“, рече Перо.И Катарина гостуваше во истата емисија. „Живеев десетина години во Америка, и тоа патував постојано поради моите модни ангажмани, се вратив во Македонија и имам две прекрасни дечиња.Не жалам за ништо, но сега кога си размислувам, мислам дека можев уште неколку години да останам во белиот свет па да се вратам“, рече таа. Потоа зборуваше за соработката со светскиот бренд Victoria’s Secret.

– Не знам какво е чувството да си ангел на Victoria’s Secret. Ќе ги прашаш ангелите, затоа што за жал никогаш не сум била ангел, но имав можност, на мое големо задоволство, снимав за нивниот каталог.Катарина потоа раскажа дека никогаш не добила непристојна понуда ни во Македонија ни во странство, и рече дека со секој Fashion week манекенството и модната индустрија во Македонија одат во нагорна линија.

- Advertisement -

Ивановска потоа го коментираше прашањето за филмот „Трето полувреме“ и дека одлично знае да глуми.Изјави дека филмот „Трето полувреме“ е за неа едно убаво и големо искуство и раскажа дека никогаш не би пропуштила да отиде на уште некоја аудиција за филм ако ѝ се укаже можност.Потоа зборуваше и за тоа дека за жал, поради пандемијата со вирусот таа сега не работи и најмногу ужиива што е родител, но и вежба тенис и се дружи со пријателите и толку.

Рече дека не е многу строга мајка, но сака ред. „Во девет во кревет е моето мото. Не сите, но им исполнувам желби на децата“.И двајцата на различен начин беа прашани дали се во врска, секој во своето гостување.– Можеби кошарка ти е омилениот спорт“, праша водителот. “Не, зошто?“, одговори Катарина.– Се шушка дека во последно време најудобно си се осеќала во дресот со бројот 6“, беше следното прашање на Никола, а Катарина на ова му го одговори следното:

– Леле, не знам што е број шест“, и тоа го кажа низ многу смеење. Перо на слично прашање одговори на друг начин. Единствена девојка којашто ја прошета јавно по разводот е девојката којашто одеше по модните писти.Дали е вистина дека каде што има чад има и оган“, го праша водителот Перо, алудирајќи на муабетите дека е во врска со Катарина Ивановска.

– Кај што има чад има секогаш оган, ама не знам за кои писти збориш. За модните? Мислам, пратам мода, колку што можам пратам мода, се нодам со модата, во Америка живеев“, рече Перо, а водителот искоментира дека Америка е центар на модата“, рече Антиќ.Потоа, Перо сподели стори на кое се гледа дека е на ручек со Катарина, а истото го сподели и таа.

Катарина во најавата за утрешното издание на „Бекстејџ“ ја потврдува својата врска со Антиќ. „Леле, вака ни мајка ми не ме прашува. Да, среќни сме заедно“, изјави познатата манекенка за „Бекстејџ“.

Последни објави

spot_img

Поврзани објави