Келе Змијата: Змии и смокови од два метри влегуваат во куќи, ги ловам секој ден

- Advertisement -

Телефонот уште од 15-ти мај не престанува да ми ѕвони, секој ден сум во лов на змии. Во викендички, шупи, автомобили, но и во куќи, не знам колку заловив за помалку од еден месец – за ,,Фокус” раскажува Скендер Јусуфов, познат во регионот како Келе Змијата, човекот кој им шепоти на змиите, по што тие мирно му приоѓаат.

Келе живее со семејството во Криволак, Неготино. За него пишувавме пред четири години, кога раскажа за својата дарба, со шепотење да ги скротува и лови змиите отровници. Веста беше пренесена во медиумите од целиот регион, а потоа и ТВ екипа од соседна Србија дојде во Криволак и сними документарен филм за скротувачот на змиите.Денес ни ја покажа змијата која што ја заловил во Дуброво, во куќа. Долга е околу два метри, се криела на таванот. Околу 40 минути и шепотел, ја извадил и ламперијата, и на крај таа се покажала и му пришла.

-Многу голема змија, позната е како штребица помеѓу народот. Не е отровна, најчесто оди по мирисот на млекото. Влегува во штали, но и во куќи, ако намириса млеко. Постои опасност да влезе во домовите каде има мали деца, доенчиња, луѓето треба да бидат максимално внимателни овој период во годината и да не оставаат отворени врати и прозорци доколку немаат заштитна мрежа – појаснува Келе.

- Advertisement -

Тој веќе околу 30 години се занимава со лов на змии, откако како младо момче од повозрасен овчар по име Коста, вели дека го научил змискиот јазик.

Целиот текст може да го прочитате на Фоку

Последни објави

spot_img

Поврзани објави