Нутриционистите веруваат дека здравиот начин на живот е формула за природно слабеење. Ние ќе ви покажеме како да направите природен пијалок за слабеење, кој има голем ефект врз линијата
Состојки:
- 1 морков
- 1 домат
- 1/2 лимон
- 100 мл вода
Подготовка:
Исечете ги морковот и доматот на парчиња – тие содржат многу хранливи материи како витамин Б1, витамин Ц, калциум и растителни влакна. Овие супстанции позитивно придонесуваат за процесот на брзо губење на тежината. Тие имаат способност да го подобрат метаболизмот и да ги отстранат токсините.
Експертите велат дека доматите многу добро му помагаат на телото да го намали холестеролот.
Ставете ги парчињата (морков и домат) и водата во блендер и мешајте додека не добиете сок.
Истурете го природниот сок за слабеење во чаша, додадете сок од половина лимон и пијте.
Белешка: Не пијте повеќе од 1 чаша на ден од овој пијалок за слабеење.
Пијте 1 чаша од секој ден 20 минути по појадокот за најдобар ефект врз губитокот на килограмите и холестеролот во организмот.
По три недели употреба, можете безбедно да изгубите од 7 до 9 килограми. Не заборавајте да вежбате најмалку 20 минути на ден и да се држите настрана од мрсна храна за да ја изгубите тежината побрзо.