- Advertisement -
Работниците во еден салон за автомобили во Кина останале без текст кога дошла некоја муштерика и одлучила да купи „Фолксваген“ носејќи железни монети кои биле поделени во 66 кеси.
„Фолксфаген пасат“ бил изборот за оваа Кинезинка, чинел околу 24.500 евра, а на работниците кои работеле во продажниот салон им биле потребни три дена за да ги избројат сите железни монети.
Во броењето на парите учествувале 17 работници и сето тоа траело 3 дена.
Кинезинката е сопственичка на мал ресторан, а монетите ги собирала од своите муштерии.
- Advertisement -
Нивното собирање траело 10 години и заштедила доволно за нов автомобил.