Дел од огромната ракета што го лансираше првиот кинески модул за својата вселенска станица Тијанх, кој неконтролирано паѓа назад на Земјата, се очекува да падне утре рано наутро. Поради големата брзина со која делот од ракетата ќе влезе во земјината атмосфера, невозможно е да се предвиди каде ќе заврши, но експертите посочуваат дека најверојатен исход е да падне во море, бидејќи океаните покриваат 70 проценти од површината на планетата.




Европската вселенска агенција предвиде ризична зона која ја опфаќа земјината површина меѓу 41,5-от степен северна и јужна географска ширина. Тоа ја опфаќа целата територија на САД јужно од Њујорк, целата територија на континентите Африка и Австралија, делови од Азија јужно од Јапонија и јужниот дел на Европа, односно Португалија, Шпанија, Италија и Грција. Големината на ризичната зона е резултат на огромната брзина со која се движи ракетата и поради тоа што и најмалата промена на условите може да резултира со драстична промена на нејзината траекторија.




ТОА СЕ ДВИЖИ СО БРЗИНА ОД ОКОЛУ 29.000 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС. ШТО ЗНАЧИ ДЕКА АКО НЕ ГО ПОГОДИТЕ ВРЕМЕТО ЗА САМО ЕДЕН ЧАС ПОГОДУВАЈЌИ КОГА ЌЕ ПАДНЕ, ЌЕ ПРОМАШИТЕ СО 29.000 КИЛОМЕТРИ КАДЕ ЌЕ ПАДНЕ, ИЗЈАВИ ЗА CNN АСТРОФИЗИЧАРОТ ЏОНАТАН МЕКДАУЕЛ, ОД ЦЕНТАРОТ ЗА АСТРОФИЗИКА НА УНИВЕРЗИТЕТОТ ХАРВАРД.




Ова е прв пат од 1990 година, вселенски објект потежок од 10 тони, да биде оставен неконтролирано да се урне на Земјата.