Kиселата средина е идеална за развој на рак, вишок телесна тежина, болка и многу болести. За среќа, создавањето алкална средина во телото е многу едноставно. Алкалната средина е сосема спротивна на киселина.
Неколку природни начини да се обезбеди алкалност на организмот:
Најважно е да го започнете денот со насмевка и голема чаша вода со додавање свеж сок од лимон. Иако лимонот делува кисело, има спротивен ефект врз организмот. Пијте го пијалокот на празен стомак за да го исчистите стомакот. Втората варијанта е 1-2 чаши природен јаболков оцет со вода. Додадете 1-2 лажички оцет на 220 ml вода. Јадете повеќе зелени салати, зачинети со сок од лимон и со висококвалитетно маслиново масло. Зелениот зеленчук и овошјето се еден од најдобрите извори на алкални микроелементи како калциум. Јадете ги во текот на денот за одржување на здрава pH рамнотежа во телото.
Дали сакате ужинка? Јадете сиров несолен бадем. Содржи многу алкални микроелементи како што се магнезиум и калциум, кој го обновува киселинско алкалниот баланс и го нормализира шеќерот во крвта. Пијте бадемово млеко и направете смути од бобинки со зелен прав спирулина. Ако имате избор, бадемовото млеко е секогаш подобро од кравјото. Пешачете или вежбајте. Активноста е исклучително важна. Физичката активност помага да се отстранат киселинските производи од телото. Длабоко дишете. Треба да најдете место со чист воздух, заситен со кислород и да го посетувате во сите можни пригоди. Таму (и не само таму), треба да пиете многу вода за да ги отстраните штетните производи од телото.
Не јадете месо секој ден. Ако можете неколку дена без месо – одлично, бидејќи секојдневно јадење месо остава зад себе кисел талог. Избегнувајте ги десертите со висока содржина на шеќер и слатките газирани пијалоци. Шеќерот е еден од најопасните намирници. За да се неутрализира киселината од една конзерва сок, потребни се повеќе од 30 чаши вода! Користете повеќе зеленчук во исхраната. Забелешка: компирот не се брои! Пиперка, аспарагус, тиквички и модар патлиџан се многу корисни. И за крај: Јадете повеќе прокељ. Го балансира pH и содржи многу хранливи материи и корисни ензими.