Кое е најопасното место за спиење на бебето во вашиот дом?

- Advertisement -

Новото истражување покажува дека софите се најопасните места за спиење на бебињата, не се препорачува да се користат дури ниту за краток одмор.

Најопасното место на кое бебето може да спие е каучот, покажува новото истражување објавено во списанието „Педијатрија“. Помеѓу 2004 и 2012 година, во САД имало 9.000 смртни случаи кај децата во текот на спиењето, од кои 13 отсто се случиле додека децата спиеле на каучот – повеќето на возраст помали од три месеци.

Авторите на студијата откриле уште неколку ризични фактори: децата најверојатно спиеле со уште едно лице на каучот, лежеле на страна или на стомак.

- Advertisement -

Американската академија на педијатри даде препораки за безбедно спиење на децата и намалувањето на ризикот од ненадејна смрт во колевка (СИДС):

1. Бебето секогаш треба да спие на грб без разлика дали станува збор за дневен или ноќен сон (не грижете се ако вашето бебе е доволно големо и само се свртува на стомакот во текот на спиењето).

2. Доенчињата треба да спијат на цврста и рамна површина во креветчето или колевка што ги исполнува сите безбедносни услови. Никогаш немојте да го ставате детето да спие на каучот или на воден кревет.

3. Извадете ги сите меки предмети, вклучувајќи играчки, перници и навлаки од креветчето.

4. Најбезбедно место за спиење е креветчето што се наоѓа во истата просторија во која вие спиете.
Уште некои совети за намалување на ризикот од смрт во креветчето се: одржувајте пријатна температура во просторијата, не пушете во близина на детето или во која било просторија во која престојува детето.

Последни објави

spot_img

Поврзани објави