Кои намирници немаат рок на траење?Рокот на траење на намирниците може да биде навистина збунувачки. Не само што постојат повеќе датуми што треба да ги разберете, како „Рок на траење“ или „Најдобро да се употреби до“, туку понекогаш и самите датуми можат да бидат целосно погрешни. Поради ова, често се случува да фрламе работи кои воопшто не се за фрлање. Па, погледнете кои се намирниците кои никогаш не се расипуваат и кои можете да ги чувате долго време.
Сол
Солта, без разлика дали е морска или камена, не може да се расипе и секогаш останува свежа како и на денот кога сте ја купиле.
Шекер
Шекерот не е проблем да се чува свеж, туку да се спречи да не стане цврст како камен. Шекерот никогаш нема да се расипе бидејќи не дозволува развој на бактерии. Единственото нешто што морате внимателно да направите е да го чувате подалеку од влага и инсекти.
Мед
Медот има неограничен рок на траење. Може да ја смени бојата или да се кристализира, но и понатаму ќе биде добар за јадење. Ако медот се кристализира, едноставно ставете ја отворената тегла во топла вода и мешајте додека кристалите не се растопат.
Ориз
Дури и ако дебел слој прашина е фатен на кутијата, оризот ќе биде подеднакво добар како и првиот ден. Ова важи за сите видови на ориз: долги и кратки зрна, бели, басмати … Но, не и за кафеавиот ориз, кој повеќе е склон кон расипување поради поголемо количество на масло. Единствено што треба е да се грижите за чување на оризот е од инстектите.
Бел оцет
Можете да купите голема количина бел оцет, без страв за расипување. Имено, може да трае вечно. И да ве потсетиме дека, освен во салати и супи, исто така можете да го користите како одлично средство за чистење.
Екстракт од ванила
Чистиот екстракт од ванила засекогаш ќе остане свеж, бидејќи се чува во чист алкохол. Но, бидете внимателни дали навистина се работи за вистински екстракт од ванила, бидејќи вештачкиот нема долг рок на траење. Имајте го ова на ум.
Жестоки пијалоци
Не мора да брзате да ја испиете секоја капка алкохол што ја имате во домот. Добро затворено и на ладно место, чуваното шише може да трае онолку колку што е потребно. Ормар со жестоки пијалоци обично е нешто што се наследедува, но не мора да се грижите за квалитетот на пијалокот наследен од баба. Со текот на времето, пијалаците малку можат да го променат вкусот, но веројатно тоа нема да го почувствувате.
Осушен грав
И сув грав може да стои долго време. Единствено што е можно да му треба е подолго време да омекне пред да го готвите, а понекогаш и воопшто нема да омекне, особено ако стоел две или три години. Но, добро работа е што нема да ја изгуби својата хранлива вредност.
Сируп од јавор
Иако оваа намирница често не ја користите во вашиот дом, но доколку ја имате дома знаејте дека ни ова нема рок на траење. Сличен на медот, сирупот од јавор, најчесто се користи како прелив за палачинки или некои други слатки.
Пченкарен скроб
И оваа храна има неограничен животен век, но мора да ја чувате на ладно место и добро затворена. А како што залихата на пченкарен скроб не се троши толку брзо, слободно можете да ја користите подолго време.
Инстант кафе
Инстант кафето во фрижидер може да се чува засекогаш, без разлика дали пакувањето е отворено или не.