Конечно проговори личниот фризер на Принцезата Дајана: Ова е најзината тајна

- Advertisement -

Принцезата Дајана остана запаметена како принцеза со големо срцо, но и како една од жените со најдобар стил на 20. век. Нејзината фризура беше една од најпопуларните во 80’ и 90’ години, а нејзиниот фризер ја откри тајната зад совршената кратка коса која ја носеше.

Ричард Далтон со неа работеше од 1981. до 1993. година.

-Се што прав со нејзината коса стана вест за насловна страница во медиумите. Пред патувањето во Африка побара да и направам нова фризура, но се што смислив беше предрастично. Моравме да бидеме многу внимателни. Косата и ја скратував по пет милиметри на неколку недели за да не се забележи голема разлика, рече Далтон.

- Advertisement -

Тој ја запознал Дајана кога имал само 17 години. Нејзин фризер станал на нејзино барање, зашто и нејзината сестра му била клиентка. Со Дајана беше заедно секој ден во период од 12 години, а беше и првиот кој ги потрижи принцевите Вилијам и Хари. Далтон вели дека не сака да открива што се поминал со Дајана зашто тоа се нивни тајни, но тврди дека била искрено вљубена во принцо Чарлс.

-Секогаш се чувствував како да и е неопходна заштита. Мислам дека не беше подготвена на се што се случуваше во тоа семејство, рече Далтон.

Последни објави

spot_img

Поврзани објави