Која е мајка, а која е ќерка: Има 51 година, не изгледа ни ден постаро од својата ќерка

- Advertisement -

Ли Сун Јин има 51 година и како стоматолог живее и работи во Јужна Кореја, но не е позната во светот поради тоа. Таа станала позната поради младешкиот изглед и фотографиите кои преку Инстаграм се прошириле ширум светот.

Луѓето се чудат колку таа младо изгледа, а некои дури и не можат да одредат која е помлада, таа или нејзината ќерка. Нејзините фотографии повторно станале вирални на азиските социјални мрежи, а потоа повторно ги пренеле светските и регионалните медиуми.

Поради младешкиот изглед ја нарекле божица на вечната младост, пренесува “Oddity Central”. Кога се појавила пред неколку години во корејското ТВ шоу “Same Bad, different dreams” пред неколку години, открила дека профилите на социјалните мрежи ги направила бидејќи и недостасувала интеракција со луѓе, со оглед на тоа дека нејзината ќерка престанала да разговара со неа по средно училиште.

- Advertisement -

Уживала потоа и во вниманието кое го привлекла благодарение на својот младешки изглед, па почнала да објавува повеќе фотографии. Во еден момент нејзината ќерка ја обвинила дека е зависна од селфи фотографии, но тогаш нивниот однос се подобрил и сега често позираат заедно, а луѓето често помислуваат и дека се сестри.

Некои влеат дека Ли е вампир, додека други се убедени дека направила пластични операции. Меѓутоа, според пишувањето на еден виетнамски портал, таа никогаш не била “под нож”.

Клучот на нејзиниот младешки изглед, како што вели, се балансираниот животен стил оптимизмот и негата на кожата.

Последни објави

spot_img

Поврзани објави