Кој ќе може да летува на државен трошок?

- Advertisement -

Само 1.250 граѓани со ниски примања годинава ќе летуваат на државен трошок. Министесртвото за економија веќе го објави јавниот повик на кој може да аплицираат хотелиерите заинтересирани да ги сместат домашните гости.

Но од домашните туристички капацитети велат дека значително помалата бројка на ваучери годинава нема да го даде посакуваниот ефект за опоравување на секторот. Потребна е поголема финансиска инјекција од државата или приближно иста како лани.

Минатата година немаше аплицирање за ваучерите но годинава заинтересираните треба што побрзо да се пријават на повикот кој ќе биде објавен на почетокот на јуни и ќе биде по принципот прв дојден прв услужен.

- Advertisement -

Лани се искористија 60 отсто од ваучерите или 65.000 ваучери. Годинава за истата намена се одвоени само 250.000 евра. Од Министерството за економија објаснуваат дека станува збор за мерка која се реализира од 2017, а минатата година поради пандемијата биле одвоени повеќе пари за помош на секторот.

Ваучерите годинава се во износ од 12 000 денари а право да аплицираат имаат граѓаните чии приходи во семејството не надминуваат 30 000 денари.

Последни објави

spot_img

Поврзани објави