Лекарите соопштиле на девојчето, дека поради нејзината тежина од над 285 кг, има опасност да умре. Благодарение на диети и операции Кристина Филипс успеала да изгуби повеќе од половина килограми од првичната тежина. Уште во 2017 година таа ја достигнала бескрајно големата тежина од 285 кг, поради која неможела да се движи и била принудена да ги моли блиските да се грижата за неа бидејќи станала неподвижна.
Како и многу други и Кристина, започнала да јаде штетна брза храна уште од мала, и на само 12 години тежела 130 килограми. Нејзините родители постојано и се карале и не и давале да јаде брза храна, но таа на секој можен начин наоѓала храна и јадела без ограничување.
По успешната операција со која и бил изваден 95% од желудникот, таа немала веќе потреба за конзумација на многу храна. Дополнително започнала да спортува.
Никогаш не мислев дека ќе ми се допаѓа да тренирам, но денес неможам без спортување. Внимавајте на храната, јас имам изгубено многу години на среќа точно поради храната, се чувствувам депресивно. Денес можам да кажам дека сум 25 годишно среќно девојче.