„Кутија со богатство“ која ќе ви помогне да ги привлечете посакуваните работи во вашиот живот

- Advertisement -

Кога лежите и спиете на креветот, вашата потсвест е отворена и апсорбира многу повеќе енергија, особено од местото на коешто лежите. Затоа, Фенг шуи најчесто советува да не чувате ништо под креветот. Но, има еден исклучок на ова правило.

„Кутија со богатство“ која ќе ви помогне да ги привлечете посакуваните работи во вашиот живот

Просторот под креветот треба да биде отворен, за да имате отворен проток на енергија која треба да се распоредува низ целото ваше тело во текот на ноќта. Купот работи кои можеби ги чувате под вашиот кревет создаваат збунета енергија која вашиот несвесен ум ја апсорбира додека спиете, а тоа е многу лошо. Затоа, просторот под креветот на кој спиете треба да биде празен и редовно да го чистите. Но, еден исклучок од ова правило е кога под креветот чувате нешто што се нарекува „кутија со богатство“. Таа е специфична Фенг шуи алатка за пренесување одредени желби и намери, односно за отворање можности на несвесното „јас“ за тие желби да се остварат.

- Advertisement -

Каква е таа кутија и што треба да содржи?

Квалитетот на кутијата е важен затоа што тоа ќе предизвика поголема или помала енергетска вибрација. Затоа, изберете некоја со најдобар квалитет. Цврстиот капак ќе претставува посигурна и постабилна енергија, а отворената кутија ќе има „поотворен“ тип енергија. И двете се подеднакво добри, во зависност од тоа што сакате да манифестирате. Што се однесува до материјалот на кутијата, дрвото ја држи енергијата за работење и раст. Фино обработената златна (може и имитација), сребрена или кутија со скапоцени камења, го зголемува чувството на изобилство. Стаклената кутија ја поттикнува енергијата на „јасност“, плетената сугерира природно движење и постигнува флексибилност. Земјената или керамичката ја поттикнува енергијата на внимание и грижа.

Што треба да ставите во кутијата?

Пред да ставите неколку предмети во кутијата, прашајте се што навистина ќе ве направи среќни. Ова треба да го направите за да пронајдете предмети кои ќе ги застапуваат тие среќни чувства кои сакате да ги привлечете во вашиот живот. Во кутијата ставете предмети кои ќе ги поттикнат вашите желби. На пример, ако сакате богатство и пари, ставете разни паричници, златен накит, скапоцени камења, кристали. Ако сакате да привлечете љубов, во кутијата ставете природни мириси, црвени свеќи, миризливи креми и масла.

Енергетското влијание на кутијата со богатство ќе го почувствувате без оглед на тоа каде под својот кревет ќе ја ставите кутијата, но најдобро е да биде под вашиот папок. На овој начин директно „се храните“ со енергијата, како што мајката го храни фетусот преку папочната врвка. Кутијата со богатство треба да ја прегледувате и освежувате на секои 3 месеци.

Последни објави

spot_img

Поврзани објави