Лажна пита со пилешко месо и топено сирење: Сочна е, се подготвува за помалку од 20 минути, а рецептот е многу лесен

- Advertisement -

Лажна пита со пилешко месо и топено сирење: Сочна е, се подготвува за помалку од 20 минути, а рецептот е многу лесен
Ако сте љубители на пита или шпански омлет, тогаш овој рецепт дефинитивно ќе ви се допадне.

Тој е помеѓу овие две јадења, а не наликува на типична пита бидејќи не содржи кори, ниту тесто. А не е ни типичен шпански омлет, но затоа е превкусно јадење кое може да се нарече „лажна пита“.

Уживајте во овој рецепт кој лесно и брзо се подготвува.

- Advertisement -
  • Потребни состојки:
  •  1 пилешко филе
  •  2 лажици путер
  •  4 јајца
  •  ½ лажичка оригано
  •  1 лажица брашно
  •  1 лажица крем сирење
  • магдонос
  • 2 домати
  • 100 гр. тврдо сирење

Начин на подготовка:
Белото месо исечете го на коцки, па пропржете го на истопен путер. Додајте сол и црн бибер.

Изматете ги јајцата. Додајте сол и црн бибер, оригано и измешајте. Додајте 1 лажица брашно, па продолжете да матите. Додајте го и крем сирењето и сè добро соединете со миксер или жица.

Додајте го сечканиот магдонос, промешајте и прелијте преку белото месо. Доматите исечете ги на кругови, па наредете ги одозгора. Посипете со ренданото сирење, па поклопете. По 10 минути јадењето е готово.

Последни објави

spot_img

Поврзани објави