Леб готов за 15 минути: Стои и до две седмици на собна температура

- Advertisement -

Потребното време за да го направите овој леб е 15 минути, доколку го чувате лебот во пластична ќеса може да ја зачува својата свежина и до две седмици на собна температура.

Состојки:
– 3 лажици несолен путер (стопен); – 4 шолји брашно + малку за мешање; – 3/4 шолји шеќер; – 3/4 шолји суво-грозје; – 2 лажици семки од ким; – 1 лажица сода бикарбона; – 1 лажица сол; – 1/2 лажичка прашок за печиво; – 1/2 шолја матеница; – 2 јајца.

Подготовка:
Загрејте ја рерната. Со путерот премачкајте го плехот за печење.
Во поголем сад помешајте го брашното, шеќерот, сувото-крозје, кимот, содата бикарбона, солта и прашокот за печиво.
Во друг сад изматете ја матеницата, јајцата и 2 лажици путер. Ставете го тоа во другиот сад, па замесете го тестото.

- Advertisement -

Месете околу 4 минути, додадете уште малку брашно по потреба. Формирајте топка од тестото. Премачкајте го со останатиот путер. Со остар нож, исечете го тестото на површината во форма на X. Печете додека не зарумени (околу 45 до 50 минути).

Нека се излади пред да сервирате.

Последни објави

spot_img

Поврзани објави