Легендарните изјави на Ал Пачино многу често се читаат, а она што го кажал за предавството на блиски личности, треба сериозно да се сфати.
„Предавството е составен дел од животот. Родителите ги напуштаат своите деца, оние коие се заколнале на вечна љубов, преку ноќ стануваат рамнодушни, мажот ја напушта сопругата – сите овие ситуации се дел од животниот пат“, вели тој.
„Кога некој ќе нè повреди, важно е да запомниме: Тоа не се случило затоа што сме виновни или сме направиле нешто погрешно. Кога врне, не се обвинуваме себеси, ги затвораме прозорците и чекаме да помине лошото време“.
Веднаш штом ќе го разберете ова, ќе станете имуни и психички посилни. Треба почесто да се водиме до овој став. Луѓето поминуваат премногу време барајќи ја вината во себе, а тоа не им помага ни најмалку.
Како да одговорите кога некој ќе ве предаде или повреди?
Не собирајте негативна енергија, не барајте објаснување и не ја продлабочувајте расправијата. Решението е многу едноставно, а еве како актерот го објаснува.
„Не трошам време на луѓе кои ме повредиле. Не се враќам кај нив и не размислувам премногу за тие ситуации. Немам време да ги мразам оние кои ме мразат, премногу сум зафатен со оние што ме сакаат“.