Лекарите велат дека оваа намирница најмногу го нарушува имунитетот и советуваат да ја сведете на минимум за да се заштитите од вирусите и настинките.Студеното време во текот на зимата е проследено со здодевната сезона на вируси и настинки кои значајно ни ги отежнуваат функциите.
Познато е дека слабиот имунитет е една од клучните причини за зараза со вируси, додека пак изборот на намирници влијае на тоа каков имунитет ќе имаме.
Намирницата која поголем дел од нас секојдневно ја консумира има големо влијание на нашиот имунитет, а ние речиси и не сме свесни за тоа.
Нутриционистите сè почесто предупредуваат на штетноста на шеќерот по нашиот организам и дека истиот треба да го сведеме на минимум.
Познато е дека слабиот имунитет е една од клучните причини за инфицирање на организмот…
Намирниците кои секојдневно ги консумираме се важни за нашиот имунитет да биде на ниво и да нè штити од вирусите.
Лекарите потсетуваат дека од пресудна важност за јак имунитет е да внесуваме доволна количина на течности.
Старото добро правило од две литри вода на ден треба да го применувате и во текот на зимските месеци. Не чекајте да почувствувате жед затоа што постои мислење дека тогаш телото веќе дехидрирало, туку водата треба да ја пиете почесто и по неколку голтки, па потоа правите пауза, па потоа ја повторувате постапката, дури и кога не чувствувате жед.