Лекарите останале изненадени: Очекувала 7, а родила 9 бебиња

- Advertisement -

Халима Киси, 25-годишна жена од Мали, роди девет бебиња во Мароко – две повеќе отколку што лекарите претходно виделе на ултразвук.

– Киси роди пет девојчиња и четири момчиња со царски рез и сите се чувствуваат добро, рече д-р Фанта Сиби, министер за здравство на Мали.

Сиби додаде дека породувањата за време на кои се раѓаат девет бебиња се многу ретки, компликациите се чести, па се случува новороденчињата да не преживеат и притоа им честиташе на членовите на двата медицински тима за среќниот крај.

- Advertisement -

Бременоста на Халима беше следена со воодушевување во Мали, дури и кога се сметаше дека ќе роди седум бебиња.

Лекарите биле загрижени за нејзиното здравје и дали бебињата ќе преживеат, па и власта се вклучила во пружање помош.

– По двонеделен престој во болница во Бамако, главниот град на Мали, донесена е одлука Халима да се префрли во Мароко на 30 март, рече Сиби, додавајќи дека таа се породи по пет недели престој на клиника во Мароко.

Мајката со децата се очекува да биде пуштена дома за неколку недели.

извор: идивиди.ком.мк

Последни објави

spot_img

Поврзани објави