Медот е една од намирниците кои треба да се консумираат често, бидејќи е здрав и добар за имунитетот и виталност на организмот.
Меѓутоа, кога се работи за алергиите, според истражувањето на експертите, медот нема никаков ефект.
Верувањето дека медот помага кај алергиите потекнува од фактот дека медот содржи полен, а постојат студии кои докажуваат дека изложеноста на мала количина алергени, со текот на времето, алергичното лице го прави помалку подложно на симптомите.
Алергологот и имунолог, д-р Морис Неџат, објаснил дека тоа не е точно.
„Количината на полен во медот е буквално премала за да предизвика ваква реакција“, рекол тој.
Потоа, често се наведуваат благотворните дејства на медот кога се работи за антибактериските својства.
„Но, пролетните алергии немаат никаква поврзаност со бактериите“, објаснува Неџат.
Значи, ако медот ви одговара за ублажување на симптомите, слободно земајте го или ставајте го во чај, но знаете дека сам по себе нема никакво влијание на самата причина за алергијата.