Направете домашен напиток кој го регулира нивото на масти во крвта и го зајакнува имунитетот…
Најзначајниот ефект на овој домашен напиток е регулирањето на нивото на масти во крвта. Покрај тоа, со консумирањето на напитокот ќе го зајакнете имунитетот и ќе му помогнете на организмот да ги елминира слободните радикали.
Еве што ви е потребно за подготовка на овој лековит домашен препарат:
- 4 главици лук (околу 40 чешниња)
- 4 лимони
- 3-4 см корен од ѓумбир или 2 лажици ѓумбир во прав
- 2 литри вода
Лимонот добро измијте го и исецкајте го на ситни парчиња. Чешнињата лук исчистете ги и испасирајте ги во блендер заедно со ѓумбирот и лимонот. Ставете ја мешавината во сад со вода на оган и варете додека не почне да врие.
Потоа тргнете го садот од огнот и оставете ја смесата да се олади. Процедете го напитокот и ставете го во стаклени шишиња.
Консумирајте по 3 децилитри од овој освежителен напиток еднаш дневно, барем два часа пред ручекот, на празен стомак. Пијте го напитокот три недели, а потоа направете пауза од една недела.
Пред употребата на природни лекови, особено доколку вашето здравје е нарушено, задолжително консултирајте се со вашиот лекар.