Лековит сируп од коприва за лекување на бубрези, слабокрвност и општа слабост на организмот

- Advertisement -

Лековит сируп од коприва за лекување на бубрези, слабокрвност и општа слабост на организмот.Копривата спаѓа меѓу најздравите билки кои постојат и кои им се достапни на луѓето. Се користи за лекување на голем број заболувања, особено бубрежни болести и слабокрвност.

Доколку одлучите да го приготвите овој рецепт, ви советуваме копривата да ја берете од ливада и природа подалеку од градот…

Ви нудиме две верзии за приготвување на овој лековит сируп, па вие одлучете кој повеќе ви одговата.

- Advertisement -

РЕЦЕПТ 1

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 120 врвови од коприва
  • 6 литри вода
  • 2 поголеми лимони, излупени и исечкани на коцки
  • 4 кг шеќер
  • 120 г лимонска киселина

РЕЦЕПТ 2

- Advertisement -

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

  • 40 врвови коприва
  • 3 литри вода
  • 1 кг шеќер
  • 5 лимони

*кога ја берете копривата, тоа правете го со ракавици, а кинете го само врвот и три ливчиња подолу.

- Advertisement -

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Копривата и лимоните се ставаат во водата да отстојат 24 часа, па потоа се процедуваат и добро се истискува.

Се додава шеќер и се меша на многу тивок оган додека да се растопи или мешајте го ладниот сируп малку подолго, додека целосно да излади. Кога ќе излади, се додава лимонска киселина и повторно се промешува.

Сирупот се префрла во стаклени шишиња и е спремен за пиење.

Во вториот рецепт содржи повеќе лимон и не е потребна лимонска киселина.

Се чува во фрижидер.

Последни објави

spot_img

Поврзани објави