Како што се’ во светот е позитивно и негативно, така и енергијата која можеме да ја почувствуваме и да влијае врз нас и нашето расположение, може да биде, исто така, позитивна и негативна.
Многумина не веруваат во моќта на позитивното и негативното размислување, ниту во позитивната и негативната енергија, но – ќе ве изненадат резултатите!
Имено, се’ што треба е да распоредите три лимони низ целата куќа во различни соби.
Ако следниот ден лимонот драстично ја промени бојата, значи дека во вашиот дом или во некоја од просториите доминира лоша енергија која ве исцедува и ви го всмукува животот од вас, вашите домашни и домот.
Лимонот можете да го пресечете на два-три делови, па по едно парче да ставите во секоја просторија. Кога ќе се исушат по неколку денови – променете ги.
Уште една техника за која некои веруваат дека одлично го чисти домот од негативната енергија е следната: во чаша чиста вода да додадете лимонов сок, па со гранче босилок да ја испрскате целата куќа, особено аглите.
Трет начин, но не и помалку ефикасен, е следниот: во еден сад ставете три лимони.
Садот ставете го на наткасната покрај креветот каде спиете. Не само што ќе ја одбива лошата енергија од вас, туку ќе ви овозможи и мирен сон, а секое утро ќе се будите свежи и со позитивна енергија.