Македонец во Лондон по една година повторно заболе од ковид

- Advertisement -

Ненад Живановски, Македонец кој долго време живее и работи во Лондон, Англија во март минатата година бил еден од првите лица кои заболеле од ковид-19.

Точно една година подоцна тој повторно добива позитивен наод, но овој пат за разлика од лани е инфициран со британскиот сој на вирусот.

-Од една страна тоа што минатата година бев заболен од корона ми помогна сега да едноставно низ симптомите доста полесно да поминам. Сепак организмот го препознава вирусот и има веќе задржано некаков развиен имунитет,вели Ненад Живановски.

- Advertisement -

Симптомите доста погблаги беа меѓутоа се пак идентични како и минатиот пат.

Во Велика Британија секое лице кое е инфицирано од ковид-19 е под 24 часовен мониторинг од здравствените власти. Живановски вели дека од страна на медицински лица и волонтери секојдневно се прави проценка дали на болниот му треба дополнителна медицинска помош или доколку ситуацијата е сериозна, хоспитализација.

Еден ден не ме оставаат на мира без по телефон да ми се јават, да ме прашаат каква е мојата состојба.. дали има прогрес, дали е стабилизирана или има подобрување,вели Ненад Живановски.

- Advertisement -

Тие проценуваат каква е вашата состојба, дали има потреба да ви испратат прво амбулантна кола која ќе дојде да ве прегледа и веројатно да ви даде терапија или врз основа на тој разговор и медицинската посета да проценат дека вашето здравје е веќе загрозено и да ве транспортираат до болница.

За разлика од Македонија, во Британија секое лице кое доаѓа од странска земја се спроведува во задолжителен карантин. Времето на изолација пак за секое лице кое пројавило симптоми на ковид-19 трае 10 дена по појавувањето на првиот симптон.kanal5.com.mk

Последни објави

spot_img

Поврзани објави