Елиза почувствувала дека нешто не е во ред.
Елиза Курби и нејзиното момче Бен дознале дека ќе станат родители и биле среќни поради тоа.
Нивната преубава ќерка, Чарли, е родена како многу здраво бебе, но како што минувале неделите, Елиза почувствувала дека нешто не е во ред.
Младата мајка била изморена и имала чувство дека повторно е бремена. Но, како што поминале само шест недели од породувањето, тие мислеле дека е поради тоа што имала бурна година.
Почетокот на новата врска, бременоста и породувањето ја исцрпиле.
– Бев исцрпена од обидот да сфатам како е да се биде мајка, но еден месец по породувањето, се чувствував навистина уморна. Сите ми зборуваа дека ќе дојдат непроспиени ноќи, но не ме убедиле во тоа – се сеќавам дека погледнав во Бен и кажав: Мислам дека сум бремена. Тој само се насмеа.
Тие веќе имале хаос дома со новороденче – за друго бебе било невозможно. Но Елиза била убедена дека е бремена. Четири тестови за бременост го потврдиле нејзиното сомневање.
Следниот чекор беше да посети лекар кој ќе ги направи наодите. Ултразвукот покажал дека е во право, но докторот имал нешто друго да им соопшти.
– На техничарот му беше непријатно, но конечно рече, изгледа, уште е рано … но … мислам дека се две. Излезе дека тоа е точно. Бев толку исплашена, но сепак бев многу возбудена – мислам дека секој има тајна желба да има едноклеточни близнаци.
Џек Ентони Ричард и Џорџ Вулф Хари се родиле како совршено здрави бебиња – Бен, Елиза и Чарлиз едвај чекаа да го запознат остатокот од своето семејство.
Иако имаат три деца, од кои ниту едно нема една година, Елиза и Бен се презадоволни.