Лиза Едвард имала удобен живот со својот сопруг Елиот, но тоа не ја спречило да се омажи и за својот таен љубовник Мајкл Хјуџис. Меѓутоа вистината набрзо излегла на површина и тоа благодарение на Фејсбук.
Кога Елитон ги видиел фотографиите од нејзината друга свадба која неговата сопруга Лиса ги поставила на Фејсзбук се шокирал. Таа за да ја прикрие лагата му рекла дека била деверуша а не невеста. Сепак Елиот истиот момент кога ја видел својата жена како по втор пат се венча и оди на олтарот со непознат маж се му станало јасно.
Посрамента мајка на четири деца го напуштила домот и се преселила во скромниот стан на најновиот маж. Ова многу тешко му паднало на Елиот кој пред судот изјавил дека светот му се срушил наопачки кога дознал што се случило. Откако дознал дека неговата жена застанала пред матичар со уште еден маж додека тие двајца биле сеуште во брак, Елитон од мака изгубил скоро 10 килограми.
Неговата сопруга пред судот признала дека е бигамист, но судијата сепак одлучил да не ја смести во затвор. Иако Елиот финансиски се грижел за своите деца исто така се грижел и за двете деца од нејзиниот предходен брак.