Оваа жена отишла дотаму што јавно признала дека сака да го уништи бракот на нејзиниот брат и неговата сопруга. Имено, таа се регистрирала на социјална мрежа и анонимно побарала сигурен „уништувач на бракот“, кој ќе ја уништи прекрасната врска што ја имале




Станува збор за апликацијата „Бумлеу“, а љубоморната сестра направила нарачка токму таму со цел да најде човек со кого нејзината снаа ќе го изневери сопругот. Таа на својот профил објавила фотографии од нејзиниот брат и снаа, како и опис на деталната услуга што ја бара.




Описот на услугата што ја бара гласи: „Мојот брат и неговата глупава сопруга, кои се наоѓаат на фотографиите, имаат одличен брак и го туркаат под носот на сите. Но, јас барам човек кој ќе им се меша во бракот и ќе ја натера снаата да има афера. Испрати ми порака и објасни ми зошто си добар кандидат“, напишала таа.




Реакциите на луѓето не биле многу очекувани. Многумина ја протолкуваа нејзината објава како многу бизарна, а нејзината идеја ја нарекоа ѓаволска.
„Замислете колку е несреќна, кога и пречи туѓата среќа“, напишал еден корисник, додека друг додал: „Наместо да му го правите ова на својот брат, обидете се да излезете од дома и да сретнете некого“.
Извор: lepaisrecna
Фото: freepik.com
