Мудри цитати од кралот Соломон кои можат да ви помогнат во тешките мигови

- Advertisement -

Мудри цитати од кралот Соломон кои можат да ви помогнат во тешките мигови

Името на кралот Соломон секогаш се поврзува со мудроста. Познат по големата мудрост, богатство и моќ, цитатите на кралот Соломон можат да ви бидат водич во многу животни фази:

„За сè има причина, и за секоја цел под небото има време. Време за раѓање и време за умирање, време за рушење и време за градење, време за фрлање камења и време за собирање камења, време да се молчи и време да се зборува.“

- Advertisement -

„Вети – исполни! Подобро да не ветуваш отколку да ветуваш и да не исполниш.“

„Мудрата жена си ја гради куќата, а лудата ја уништува со свои раце.“

„Кој копа дупка ќе падне во неа, а кој превртува камен ќе се врати кај него.“

„Кој ја чува затворена својата уста, ја чува својата душа, а кој широко ја отвора устата, е во неволја.“

„Оној што е трпелив е подобар од храбриот, а кој се победува себеси е подобар од освојувачот на градот.“

„Богатството нема да ви помогне во денот на гневот, но вистината ќе ве спаси од смртта.“

„За оние кои се меѓу живите, сè уште има надеж.“

„Омразата предизвикува расправии, но љубовта ги покрива сите гревови.“

„Мудроста е покорисна од глупоста, исто како што светлината е покорисна од темнината.“

Последни објави

spot_img

Поврзани објави