НАБАВЕТЕ ГИ ОВИЕ РАСТЕНИЈА: 5 домашни растенија кои ќе ви помогнат подобро да спиете навечер

- Advertisement -

Иако домашните растенија главно се користат како декоративен елемент кој на некој начин внесува свежина во домот, тие може да имаат и многу други корисни намени.Една од начините со кој можете да придонесете за квалитетниот сон во текот на ноќта е одгледувањето на одредени домашни растенија чиј смирувачки ефект ќе му помогнe на организмот полесно да се опушти после напорниот ден и многу полесно да заспие.Најдобро е овие растенија да ги чувате во спалната соба или на некое светло место од каде ќе црпат доволно светлина и топлина.

Арека палма (Chrysalidocarpus lutescens)
Ова растение го прочистува воздухот и ги отстранува токсините заедно со јаглерод диоксидот. Исто така испушта одредена количина на влажност во воздухот, што го прави особено корисно во текот на зимските месеци кога системите за загревање значително го сушат воздухот.

Алое вера
Едно од најефективните растенија кога станува збор за чистење на воздухот од потенцијалните опасни хемикалии, како што е на пример формалдехидот. Во текот на ноќта испушта кислород, карактеристика која не е вообичаена за поголемиот дел од растенијата. Исто така влажноста која ја ослободува има позитивен ефект врз човечкиот имунитет.

- Advertisement -

Бенџамин (Ficus benjamina)
Бенџаминот е на врвот на листата на растенија кои го прочистуваат воздухот. Тој отстранува повеќе од 70% од бензенот, амонијакот, толуенот и другите штетни нечистотии од воздухот кои може да бидат испуштени од синтетички предмети со низок квалитет како што се линолеумот и иверицата.
Помага во уништувањето на постоечките микроби и со тоа го подобрува севкупниот квалитет на вашиот сон, а покрај другото ќе изгледа навистина добро во вашата спална соба.

Сансеверија (Sansevieria trifasciata)
Ова растение е добро за вашиот респираторен и имунитетен систем. Значително помага во намалувањето на главоболките и намалување на високиот крвен притисок. Слично како и алое верата, и тоа испушта кислород во текот на ноќта, апсорбирајќи го штетниот јаглерод диоксид.

Папрат Нефролепсис (Nephrolepis exaltata)
Ова растение е богато со есенцијални масла, флавоноиди и други супстанции. Затоа, овој цвет ќе биде одличен регулатор за вашиот нервен систем и ќе ви помогне да се справите со стресот.

Последни објави

spot_img

Поврзани објави