Направете дупла доза затоа што ќе се потроши дури трепнете: Стар рецепт за сутлијаш кој се топи во уста

- Advertisement -

Направете дупла доза затоа што ќе се потроши дури трепнете: Стар рецепт за сутлијаш кој се топи во уста

Сутлијашот е еден од оние едноставни десерти којшто потсетува на детството и бабите кои постојано ни го подготвуваа.

Само неколку состојки се потребни за да се направи совршениот десерт чиј вкус долго не може да се заборави.

- Advertisement -
  • Состојки:
  • 2 децилитри ориз;
  •  1 литар млеко;
  •  1 ванилин шеќер;
  •  8 лажици шеќер;
  •  малку цимет;
  •  прстофат сол.

Подготовка:
Добро измијте го оризот во вода, а потоа ставете го во тенџере и додадете вода.

Оставете да се вари и додадете прстофат сол. Кога водата ќе зоврие, намалете ја температурата и додадете околу еден децилитар вода. Важно е постојано да мешате со лажица за оризот да не се залепи на дното од тенџерето и да не загори.

Кога водата ќе испари, додавајте млеко, но не цело одеднаш, туку малку по малку и постојано мешајте. Кога оризот ќе го впие млекото, додавајте уште.

Кога оризот е сварен и млекото згуснало, додадете шеќер и ванилин шеќер, помешајте.

Пред да го послужите, оставете го сутлијашот во затворено тенџере уште 10-на минути да отстои.

Додадете цимет по желба и уживајте.

На здравје!

Последни објави

spot_img

Поврзани објави