- Advertisement -
Жителите на планетата Земја може да здивнат, бидејќи американската вселенска агенција НАСА потврди дека планетата Земја е „сигурна“ најмалку 100 години од астероид.




НАСА го сметаше астероидот „Апофис“ во 2004 година, за најопасен за Земјата.
Порано прогнозите беа дека може да помине астероид помеѓу 2029 и 2036 година, а подоцна овие предвидувања се исклучени, пренесе Би-Би-Си.Извесна закана остана за 2068 година, а сега и таа закана е отфрлена од НАСА.
- Advertisement -




„Ударот во 2068 година повеќе не е во можност, а нашите пресметки не покажуваат ризик од удар најмалку 100 години“, рече Давид Фарнокиа од Центарот за истражување на објекти во близината на Земјата во лабораторијата на НАСА.