Наша докторка со емотивна исповед: „Ова е 2 недели по првата хемотерапија, тоа беа најстрашните денови во мојот живот“

- Advertisement -

28-годишната Марија Бунда Калпак отворено говори како со насмевка ја водела својата најтешка животна битка и ги открива сите детали за голготата со дијагнозата рак на дојка. Сега, се чувствува одлично.

Марија Бунда Калпак (28) е наша докторка која храбро на својот Инстаграм профил во март 2021 проговори за дијагнозата рак на дојка и нејзината голгота.

Сега, таа повторно отворено говори за нејзината борба.

- Advertisement -

Таа објави фотографија од себе, направена по првата хемотерапија, каде ја потстрижала косата затоа што почнала да ѝ паѓа. Отворено кажува дека не знае зошто се смее на таа фотографија кога токму тој период бил најтешкиот во нејзиниот живот.

Нормално, сега сè е зад неа и на поинаков начин гледа на работите. Но, ваквите тешки битки дефинитивно секогаш е најдобро да се водат со насмевка.

Емотивната објава на младата докторка:

„Ова е слика 2 недели после првата хемотерапија, кога морав да ја исшишам косата затоа што после 3, 4 недели целосно опаѓа. Изгледам среќна, а всушност тоа беа најстрашните денови во мојот живот и се прашувам: „Зошто не сме искрени на социјалниве медиуми?“ Секој како да сака да прикаже некоја постојана среќа – што не е можно.

Секој има добри и лоши периоди и затоа јас избирам да зборувам за моите тешки моменти затоа што тоа не е срамота. Напротив срам ми е што сум толку насмеана на сликата, а во тој момент ми се плачело затоа што ме чекаа:

Безброј магнетни резонанци, скенови,

  • 8 хемотерапии (наречени red devil)
  • 12 еднонеделни хемотерапии
  • 12 оваријални супресии (со инјекции)
  • 20 Гранакс поткожни инјекции

Хемотерапијата како што знаете ги убива клетките на ракот, но и здравите клетки, со тоа и леукоцитите (одбранбените клетки). За среќа, постојат стимулатори на коскена срцевина за да имуните клетки продолжат да се создаваат. За несреќа пропратните ефекти се страшни болки во мускулите и коските, но и тоа помина.

  • 2 пет скенови
  • 2 операции
  • 15 радиотерапии
  • Безброј крвни испитувања… како добро утро
  • По 20 апчиња на ден (витамини, суплементи)
  • Хормонска терапија, која сè уште трае.“

Повеќе фотки од прекрасната докторка, по најтешката животна битка:

 

 

 

Последни објави

spot_img

Поврзани објави