НАЈДОБРИОТ ТРИК ЗА ЧИСТЕЊЕ НА РЕРНАТА БЕЗ ХЕМИКАЛИИ И СТРУГАЊЕ: Сите дамки буквално исчезнуваат, дури и стаклото на вратата ќе светне!

- Advertisement -

Обавезно пробајте, делува!

Чистењето на рерната е мака, особено ако не сте биле претпазливи, па вкусната храна што вриела во тој дел од шпоретот испрскала на грејачите и на sидовите на рерната.

Силни хемикалии често се препорачуваат за чистење на рерната, но многумина од нас не сакаат да ги ставаат таму каде што подоцна ќе прават храна.

- Advertisement -

Пробајте го овој трик, тој е многу едноставен и користи работи што веќе ги имате во кујната! Загрејте ја рерната на 120 Ц, наполнете голем плех со топла вода до три четвртини и ставете го на средната решетка.

Затворете ја рерната и оставете ја тавата внатре најмалку 15 минути. Водата ќе испари и ќе ги раствори наслагите од остатоци од храна. Исклучете ја рерната, почекајте да се излади доволно за да можете безбедно да ги допирате sидовите, буквално само да е топла.

Во преостанатата вода во садот додадете малку течност за миење садови и потоа избришете ги sидовите на рерната со сунѓер.

Последни објави

spot_img

Поврзани објави