Најдоброто овошје против висок притисок – истражување потврдило како го намалува ризикот од хипертензија

- Advertisement -

Високиот крвен притисок е фактор на ризик кој нема некои посебни симптоми, па затоа треба редовно да се контролира. Постојат намирници и природни средства кои превентивно ни помагаат притисокот да го држиме во граница на нормала.

Нормален притисок се смета за 120/80, вредости до 140/90 се смета за пре-хипертензија, а вредности над тоа права хипертензија. Дебелината и дијабетесот се фактор ризици за висок притисок. Утврдено е и дека оние лица кои пушат и пијат алкохол, исто така, се склони да развијат висок крвен притисок.

Некои лекови како што се деконгестиви (за отзатнување на нос), аналгетици, стероиди, контрацептивни таблети и антидепресиви вообичаено го покачуваат крвниот притисок. Медицината смета дека консумирањето на сол е еден од главните причинители за покачување на притисокот. Всушност секоја преработена, особено брзата храна придонесува за внес на речиси 80 % натриум, и тоа преку рафинираната сол, која не е здрава. Кога ќе се земе предвид дека брзата храна содржи голема количина на сол помешана со штетни адитиви, како и растителни масла и транс-масни киселини, може да се смета дека секојдневното консумирање на брзата храна е една од главните ризик фактори за развој на висок крвен притисок.

- Advertisement -

Продукти кои помагаат во намалување и нормализирање на високиот крвен притисок:

Лута пиперка – Консумирањето на лута пиперка е добро за намалување на притисокот, иако тоа можеби не изгледа така на прв поглед. Лекарите кои се занимаваат со хербална медицина препорачуваат два пати на ден да се пие една лажичка црвен мелен пипер изматен во чаша вода за поздраво срце. Секако, подобра е свежа мелена лута пиперка

Грозје – Истражувањата во еден медицински центар во САД покажале дека секојдневно консумирање на суво грозје помага при намалување на крвниот притисок во групата со прехипертензија (притисок до 140 /90). Истото важи и за свежото грозје кое треба да се внесува во организмот кога му е сезоната.

Киви – Истражувањата на Американското здружение за срце утврдило дека јадењето три кивија на ден помага да се намали крвниот притисок.

Лубеница – Државниот универзитет на Флорида преку истражување утврдил дека лубеницата го намалува крвниот притисок. Освен што содржи многу калиум, лубеницата има специфична аминокиселина која придонесува за намалување на притисокот. Ова својство највеќе го има во семките од лубеницата, и затоа кога јадете лубеница, слободно изгрицкајте ги и проголтајте ги и семките.

Банана – Кога зборуваме за калиум, не треба да ги заборавиме бананите, кои се едни од најдобрите природни ивори на калиум. Научници од Медицинскиот факултет при Универзитетот Харвард утврдиле дека намирници кои содржат калиум подобри се за намалување на притисокот отколку суплементи кои содржат калиум-хлорид.

Последни објави

НЕМА ДА ИМАТЕ ЛОШ ЗДИВ АКО ОВА ГО ПИЕТЕ СЕКОЕ УТРО

НЕМА ДА ИМАТЕ ЛОШ ЗДИВ АКО ОВА ГО ПИЕТЕ СЕКОЕ УТРО Дали имате дигестивни проблеми, дали страдате од непријатен мирис на пот и лош здив?...

ЛЕКАРИТЕ ОТКРИЛЕ КОЈА ХРАНА НАЈМНОГУ ТРЕБА ДА ЈА ЈАДЕТЕ НА ЕСЕН: Не само што е здрава, туку и ќе ви го промени расположението за...

ЛЕКАРИТЕ ОТКРИЛЕ КОЈА ХРАНА НАЈМНОГУ ТРЕБА ДА ЈА ЈАДЕТЕ НА ЕСЕН: Не само што е здрава, туку и ќе ви го промени расположението за...

Секоја вечер пиела по едно ПИВО: Еве што се случи со ОРГАНИЗМОТ по една година!

Секоја вечер пиела по едно ПИВО: Еве што се случи со ОРГАНИЗМОТ по една година!Верувале или не, пиењето едно пиво дневно е исклучително добро...

Легнавте да СПИЕТЕ и чуствувате ГЛАД: Не мора да јадете, направете го ОВА!

Легнавте да СПИЕТЕ и чуствувате ГЛАД: Не мора да јадете, направете го ОВА!Нутриционистите советуваат дека течноста сепак е вистинскиот избор Сите сме имале многу пати...

ВАКА СЕ КИСЕЛЕЛА ЗЕЛКАТА ВО ЈУГОСЛАВИЈА: Нема да СЕ РАСИПЕ ако само го додадете ОВА!

ВАКА СЕ КИСЕЛЕЛА ЗЕЛКАТА ВО ЈУГОСЛАВИЈА: Нема да СЕ РАСИПЕ ако само го додадете ОВА! На секои 10 l вода додадете 250 гр сол и...

Поврзани објави