Најлесниот рецепт за чајни колачиња кои се прават од само 3 состојки

- Advertisement -

Најлесниот рецепт за чајни колачиња кои се прават од само 3 состојки.Крцкавите и ровки бисквити се секогаш добра идеја – можете да ги послужите со шолја чај или кафе за појадок, ужина или десерт. Дали знаевте дека овој вкусен десерт може да се направи само со три состојки и тоа за околу 20 минути?

Ви го пренесуваме најлесниот рецепт за бисквити направени од бело брашно, шеќер и парче ладен путер. Подготовката е толку едноставна што и оние кои не се вешти во печење десерти ќе можат да се снајдат.

Рецептот е толку едноставен што нема ни да треба да го запишете – состојките и постапката се паметат уште првиот пат кога ќе го прочитате.

- Advertisement -

Состојки:

  • 150 гр бело брашно
  • 100 гр путер
  • 50 гр бел шеќер

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 170 степени Целзиусови.

Во поголем сад ставете брашно, шеќер и ладен путер исечен на помали коцки. Со раце притиснете го путерот во брашното за да добиете текстура на влажно тесто.

Со раце обликувајте го добиеното тесто во топка .

На набрашнета површина развлечете го тестото со дебелина од околу половина сантиметар.

Исечете го саканиот облик на колачињата и ставете ги на плех покриен со хартија за печење.

Ставете ги во фрижидер околу 20 минути да се стегнат, а потоа ставете ги во загреана рерна 15 до 20 минути или додека не добијат убава златно-кафеава боја.

Изладете ги пред да ги послужите. Добар апетит!

Последни објави

spot_img

Поврзани објави