„Најтажната жена на светот“ се огласи по долго време: Многу ми е тешко

- Advertisement -

Принцезата Шарлин од Монако, која според некои медиуми е наречена „најтажната жена на светот“,веќе некое време ја загрижува јавноста.

Било напишано дека паднала во депресија поради смртта на блиски пријатели, а некои коментирале и дека нејзиниот сопруг, принцот Алберт од Монако, и забранува контакти со јавниот свет и ја држи како заложник.

По бројните гласини, се појави принцезата Шарлин. За каналот24 од Јужна Африка, таа признала дека поминала низ еден предизвик. Таа требало да се врати во Монако во мај, но заглавила во Јужна Африка. Таа страдала од тешка инфекција на увото, носот и грлото, што ја спречило да лета.

- Advertisement -

“Многу ми недостасуваат мојот сопруг и децата. Ми беше исклучително тешко кога медицинскиот тим ми рече дека не можам да одам дома за десетгодишнината од бракот”, изјавила принцезата, која на почетокот на јули ја имала годишнината од бракот со Алберт.

“Алберт е мој камен и сила и без неговата љубов и поддршка не би можела да го поминам ова болно време. Секојдневните разговори со Алберт и децата ми помагаат неизмерно да го подигнам расположението, но ми недостига да бидам со нив. Едвај чекам да бидам со нив. “, додава таа.

Последни објави

spot_img

Поврзани објави