На два месеци од отворањето на Ист Гејт Мол: Кои познати светски брендови доаѓаат во Македонија, освен H&M, Зара Хоум и Лидл?

- Advertisement -

Во Скопје, на местото на поранешен „Скопски саем“, наскоро вратите за сите љубители на шопингот ќе ги отвори „Ист Гејт Мол“…

Новиот шопинг центар, отварањето го закажа за во средината на септември, на два месеци од сега. Овој мол ќе биде вистинско освежување како за главниот град, така и за целата замја, преку понудата на уникатно шопинг искуство за посетители и за уживателите на добрата храна.

Ист Гејт Мол и “Cushman&Wakefield/FORTONMKA“ повеќе од три години работеа на дистинктивниот микс од брендови, кои на потрошувачите ќе им понудат едно ново шопинг искуство.

- Advertisement -

Веќе има инфорамции дека 95 проценти од вкупната површина за изнајмување е веќе издадена на локални и интернационални брендови. На почетокот на оваа година, во јавноста протекоа инфомациите дека во новиот трговски центар пристигнува светскиот бренд H&M, но и дека за влез на пазарот во Македонија размислува ЛИДЛ и уште некои други интернационални ланци на супермаркети кои оперираат во регионот, меѓу кои се познатите SPAR и BILLA.

Влатко Богоевски, извршниот директор на „Cushman&Wakefield/FORTONMKA“ откри кои други брендови може да ги очекуваме во рамките на овој трговски центар:

„Беше вистински професионален предизвик да се создаде стратегијата за изнајмување на Ист Гејт Мол. Како прв чекор од стратегијата направивме темелно истражување на навиките на потрошувачите и трендовите на локалниот пазар и вложивме огромен напор за привлекување на нови брендови на пазарот. Ги разгледавме тенденциите во регионот, но и пошироко во Европа и создадовме соодветен микс на закупци кој го рефлектира најдоброто шопинг искуство за посетителите, нагласувајќи ја различноста во категориите мода, забава, рекреација, услуги. Ист Гејт Мол е трговски центар на новата генерација кој нуди микс од брендови, исполнувајќи ги потребите на широка целна група, опфаќајќи ја не само нашата земја, туку и соседите од Косово и Србија. Целта беше да се привлечат нови брендови како полската модна групација „LPP SA“ заедно со своите пет брендови „Reserved“, „House“, „Cropp“, „Mohito“, „Sinsay“, потоа „Zara Home“ и „Oysho“ од групацијата Индитекс, како и модни марки кои за прв пат влегуваат на македонскиот пазар меѓу кои XYZ, Armani Exchange, Twinset, Partrizia Pepe, DeFacto и други.

- Advertisement -

Неминовно е да се потенцира дека посебен акцент и поддршка дадовме и на локалните брендови кои навистина имаат што да понудат, така што 23% од сите закупци се македонски локални брендови.“

Извор:zenskimagazin.mk

Последни објави

spot_img

Поврзани објави