На многу од луѓето не им е омилен, а има влијание врз нервниот систем, богат е со витамини… – зошто овој зеленчук треба почесто да биде во вашата чинија?

- Advertisement -

На многу од луѓето не им е омилен, а има влијание врз нервниот систем, богат е со витамини… – зошто овој зеленчук треба почесто да биде во вашата чинија?Карфиолот е зеленчук кој е многу хранлив, а се одгледува сезонски во многу климатски услови и локации.

Карфиолот е богат со растителни влакна
Истражувањата покажале дека поголем процент од луѓето не добиваат доволно растителни влакна од исхраната која ја практикуваат. Растителните влакна помагаат да се чувствуваме сити и задоволни, го одржуваат здравото варење и го регулираат нивото на шеќер во крвта, а исполнувањето на дневната потреба исто така може да го намали холестеролот и крвниот притисок.

Конкретно, карфиолот е добар извор на нерастворливи растителни влакна кои помагаат во системот за варење.

- Advertisement -

Карфиол и витамини
Карфиолот содржи витамини за имунитетот, поволно влијае против згрутчување на крвта, здравјето на коските и многу друго. Една шолја карфиол обезбедува над 75 отсто дневна вредност на витамин Ц, што значи дека имунитетот, метаболизмот и нервниот систем го добиваат тоа што им е потребно.

Исто така тој содржи и 20 отсто дневна вредност на витаминот К кој е неопходен за формирање на коските и против згрутчување на крвта. Една шолја карфиол исто така има импресивна количина на витамин Б6, фолати и калиум.

Моќен антиоксидант
Карфиолот има антиоксидантна моќ во борбата против воспаленија. Анти-фламаторните соединенија на зеленчукот помагаат телото да се ослободи од слободните радикали и да го намали оксидативниот стрес кој го зголемува ризикот од хронични болести. Консумирање храна богата со антиоксиданти и антифламаторни агенси како дел од здравата исхрана, како што е карфиолот, може да помогне во спречување и ублажување на хронични воспаленија и заштита на клетките.

Карфиолот е извор на холин
Една шолја карфиол содржи околу 45 милиграми холин, околу 10 отсто дневен адекватен внес за жените. На нашите тела им е потребен овој есенцијален нутриент за неколку клучни функции, вклучувајќи го и јакнењето на клеточната мембрана, развојот на мозокот и одржување на нервниот систем.

Телото само произведува само мала количина холин, па затоа важни се изворите на храна со високот ниво на холин.

Последни објави

spot_img

Поврзани објави