(ФОТО) Стојан, Андреј и Тања без пари фоткаа матуранти: Не одихме на школа, а завршихме школа

- Advertisement -

Како што е добро познато, поради актуелната ситуација со вирусот во Македонија, во најголем дел учениците не посетуваат физички настава во училиштата, туку ја следат онлајн од дома.

Исто така многумина поради целата ситуација се и во финансиски проблем, а хуманоста и добрите дела во овие времиња се вистинска реткос, но ги има.

Еден таков пример ни доаѓа од истокот на нашата држава од едни млади и амбициозни луѓе со големо срце. На профилот на Стојан Рашков се појави објава во која се вели:

- Advertisement -

Известување за Матуранти 2021 Берово и Пехчево

Во консултација со релевантни чаршиски фактори решивме фотографирањето на Матуранти 2021 да биде БЕЗ ПАРИ во кафе бар ,,City Pub”во Берово, Чаршиска генерација 2021 под слоганот ,,Не одихме на школа, а завршихме школа”.

Сите матуранти ќе добијат гратис 2 фотографии 4х6, 2 фотографии 6х9 и една 13х18 од табло, табло кое ќе биде изложено во кафичот и креативен алманах. Фотографирањето ќе биде во секојдневна облека на учениците, секој во свој стил. Режиските трошоци се покриени од страна Игор и Борче.

Почнуваме од утре 13:00 часот пријавување на следниот линк https://docs.google.com/…/1FAIpQLScdhmZKE8espH…/viewform. Со почит, Стојан, Андреј и Тања

Фотографирањето веќе започна и до денес до 13 часот се фотографирани 25 ученици од 65 од цела генерација. Како што информираат, сите што останаа ќе бидат фотографирани до понеделник.

Последни објави

spot_img

Поврзани објави