На работа во странство заминуваат само оние кои имаат роднини и пријатели таму




И покрај олабавување на мерките и отворање на границите, нема голем интерес за вработување на работна сила во земјите од ЕУ, велат од компаниите за посредување на работа во странство. Периодов најчесто надвор на печалба заминувале само оние кои имаат роднини или блиски пријатели таму кои им помагаат да дојдат до работа.




– Границите со ЕУ државите се делумно отворени и ништо не е повеќе како што беше.
Реално нема никаков голем интерес за вработување на работна сила во државите на ЕУ. Летово на работа во Германија , делумно Швајцарија , Италија и Австрија , заминаа само оние кои имаат пријатели или блиски во тие држави , кои им помагаат да најдат работа.




Скоро и да немаше побарувања за вработување на работна сила од нашава држава со Македонски пасош. ЕУ Амбасадите многу го редуцираа процесот за издавање на работни визи.




Вториот проблем е во тоа што , Германија , како држава која повлекува најмногу работна сила, беше затворена за патување и вработување до 10 Јуни, вели за Денар Зоран Кочоски сопственик на компанијата Коузон.