Гинисовата книга на рекорди бележи рекорд на една жена која во текот на својот живот родила 69 деца. Таа успеала да го стори тоа затоа што неколку пати имала бремености со повеќе плодови. Но, и покрај тоа што записите постојат, експертите не се сигурни во валидноста на рекордот поради низа причини.




Жената која родила 69 деца и го држи Гинисовиот рекорд е Русинка, сопруга на руски селанец по име Фјодор Васиљев. Иако нејзиното име не е познато, историските записи покажуваат дека таа се породила 27 пати вопериодот меѓу 1725 и 1765 година. Во текот на овие 40 години, таа родила 16 пара близнаци, 7 тројки, 4 четворки.
Случајот, кој Манастирот во Никољск го пријавил во Москва во 1782 година, го бележи секое од тие раѓања. Исто така покажува дека две од тие 69 деца не го преживеале раното детство.




Освен тоа, Фјодор имал уште повеќе деца. Со неговата втора сопруга изродил уште 18 деца. Таа исто така имала бремености со повеќе плодови.
Иако Гинис го бележи овој рекорд како валиден, експертите се сомневаат во веројатноста да е точен. Имено, иако технички е возможно една жена да се породи 27 пати со повеќеплодови бремености, сепак тоа е малку веројатно. Особено кога станува збор за некое руско село во тоа време кога не било реткост жените да умираат при породување.




Ако е записот на Гинис точен, госпоѓа Васиљева половина од својот живот била бремена.