Четири девојки се обиделе да побегнат од еден ресторан.
Побарале одделни сметки, па го искористиле моментот да побегнат и не ја платиле сметката.
Сè завршило така што денес сите им се смеат на социјалните мрежи, бидејќи ‘кармата’ во овој случај брзо си ја завршила својата работа.
Имено, една од нив си ги заборавила клучевите од автомобилот на масата, поради што биле приморани да се вратат на местото на злочинот.
Нивниот потег го забележале и останатите гости од ресторанот, а најмногу во глетката уживале, снимателот на следното видео и неговиот пријател.
Сите слатко се насмеале, а еден од нив дофрлил и дека веројатно се најсмотаните ‘криминалки’ кои ги видел во животот.
Интересен детаљ забележал еден корисник на социјалната мрежа Редит. На една од девојките воочил патики вредни дури 600 долари.
@viraltwins #fypシ when u try to run out on the bill but left your clown car keys on the table 😂😂😂