Неколку причини зошто треба да јадете лук

- Advertisement -

Неколку причини зошто треба да јадете лук.Лукот го намалува крвниот притисок, а со тоа се намалува и ризикот од појава на срцеви заболувања и мозочен удар.

Најчесто користиме лук кога готвиме зеленчук и тестенини. Лукот содржи антиоксиданти кои имаат голема корист за вашето здравје, но има и силен мирис кој на многумина им пречи.

Луѓето кои пијат лекови за разредување на крвта треба да се посоветуваат со матичниот лекар за тоа дали можат да консумираат лук.

- Advertisement -

Лукот е поврзан со здравјето на срцето

Ако сакате да го сочувате здравјето на срцето, јадете лук. Лукот е поврзан со намалување на крвниот притисок, а ова го намалува ризикот од срцеви заболувања и мозочен удар.

Го зајакнува имунитетот

Со сезоните на настинки и грип, се препорачува да јадете лук бидејќи го зајакнува имунитетот.

Противвоспалително дејство

Благодарение на моќните антиоксиданти, лукот помага при намалувања на воспаленија и го успорува процесот на стареење.

Го намалува ризикот од појава на рак

Лукот содржи флавоноиди и инулин, јаглехидрат кој го чува телото од појава на рак.

Помага за акни

Во комбинација со терапија, лукот може да биде корисен домашен лек во борбата против акни. Лукот има антибактериски и антивирусни својства и со додавање во исхраната ги отстранува инфекциите и ги намалува воспаленијата. Не нанесувајте лук директно на кожата бидејќи на тој начин може да дојде до иритација.

Последни објави

spot_img

Поврзани објави